• вторник, 24 декември 2024

ТВ-серијата со Зеленски во главната улога - меѓу најбараните во светот

ТВ-серијата со Зеленски во главната улога - меѓу најбараните во светот
Стокхолм, 10 март 2022 (МИА) - „Ехо рајтс“ - мала филмска агенција со седиште во Стокхолм е преплавена со понуди за откупување телевизиска серија во којашто професор по историја станува украински претседател. Професорот го глуми Володимир Зеленски - сега вистински претседател на Украина. Од почетокот на руската инвазија на Украина, радиодифузерите како што се британскиот Канал 4, грчкиот АНТ1 и романската ТВ ПРО, ги побараа правата за прикажување на „Слуга на народот“ - серија првпат прикажана 2015 година во Украина. https://www.youtube.com/watch?v=JceiIUTMvD0 - Мислам дека постигнавме околу 15 договори минатата недела и во преговори сме со 20 други земји, рече сосопственикот на агенцијата, Никола Содерлунд. - Последниот пат разговаравме со (заинтересирани од) Латинска Америка, и разговараме со САД, Нетфликс, и други земји. Само во Италија четири медиумски куќи се борат за правата, а во Грција серијата веќе се прикажува во ударниот термин, додава тој. Агентот смета дека тоа е и чин на солидарност со Украина, а во истовреме се работи и за љубопитност - луѓето сакаат да видите кој е Зеленски.  си/

Остани поврзан