• сабота, 23 ноември 2024

Тајната служба на САД избришала пораки поврзани со нападот на Капитол 

Тајната служба на САД избришала пораки поврзани со нападот на Капитол 

Вашингтон, 15 јули 2022 (МИА) - Владин ревизор ја обвини тајната служба на САД (УССС) дека избришала пораки датирани од 5. и 6 јануари 2021, откако равизорот ги побарал окако дел од истрагата за нападот на американскиот Капитол, јави денеска Вашингтон пост. 

Повикувајќи се на писмо испратено до законодавците неделава од Џозеф Куфари, раководител во Одделот на генералниот инспектор во Министерството за внатрешна безбедност (ДХЛ), весникот пишува дека пораките исчезнале и дека со тоа се правеле пречки во истрагата за 6 јануари 2021 година. 

- Од одделот не информираа дека многу пораки на тајната служба на САД од 5. и 6 јануари 2021 година биле избришани како дел од програма на замена на апарати, напишал Куфари во писмото, пренесува весникот. 

Тој истакнал дека бришењето се случило откако генералниот инспектор побарал копии од пораките за својата истрага за 6 јануари и сигнализирал на случаи кога од ДХС не одговарале на негови распрашувања. 

Со ова, се вели во изјавата, се прават задршки во добивањето податоци и се создава забуна дали некои од овие податоци всушност воопшто се направени, а со тоа се поткопува истрагата за случувањата од 6 јануари 2021 година.  

Како што јави дописникот на МИА од вашингтон, пораките испраќани тогаш од тајната служба можат да дадат увид во акциите на агенцијата и најверојатно за тоа што правел поранешниот претседател ДоналдТрамп на денот на упадот во Капитолот.  

Поранешна официјална службеничка на Белата Куќа во сослушувањата пред комисијата на Претставничкиот дом, што започнаа во јуни, а која ги истражува настаните, рече дека Трамп знаел дека неговите поддржуваче се вооружени, и сакал да ја води толпата да влезе во Капитол. Таа исто така изјави дека поранешниот претседател физички нападнал долгогодишен агент во тајната служба кој му кажал дека не треба да го прави тоа. кб/паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан