• петок, 04 октомври 2024

Тајгер Вудс во критична состојба по сообраќајна несреќа

Тајгер Вудс во критична состојба по сообраќајна несреќа
Лос Анџелес, 23 февруари 2021 (МИА) – Еден од најдобрите голф играчи на сите времиња Тајгер Вудс се наоѓа во критична состојба во болница, по сообраќајна несреќа што денес се случи во Лос Анџелес. Локалната полиција соопшти дека Вудс претрпел сериозни повреди, откако возилото во кое се наоѓал излетало од патот и се превртело, пренесе телевизијата Си-Ен-Ен. Истрагата за причините за несреќата е во тек. ег/зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан