Тајани: Одлуката на САД за царините нема значително да влијае на италијанскиот извоз
- Министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, денеска изјави дека не верува оти одлуката на Врховниот суд на САД за поништување на глобалните царини што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп ќе има посебни последици врз италијанскиот извоз.
Форли, 20 февруари 2026 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, денеска изјави дека не верува оти одлуката на Врховниот суд на САД за поништување на глобалните царини што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп ќе има посебни последици врз италијанскиот извоз.
- Секогаш е добра вест кога се укинуваат царини, но не верувам дека ќе има големи промени – рече министерот за надворешни работи и потпретседател на владата, Антонио Тајани, одговарајќи на новинарски прашања во Форли, на северот на Италија.
Тој појасни дека постојат привремени мерки што Американците можат да ги усвојат и дека оваа одлука веќе била очекувана, па затоа не смета дека ќе дојде до драстични поместувања.
- Не мислам дека ќе има посебни ефекти кога станува збор за нашиот извоз – додаде тој.
Врховниот суд на САД во Вашингтон претходно денеска донесе одлука со која поништува широк спектар на глобални царини што ги воведе Трамп. јт/
Фото: МИА архива