• понеделник, 23 декември 2024

Тахири: Посетата на шефот на ЦИА на регионов остави видливи ефекти кај Курти и Вучиќ

Тахири: Посетата на шефот на ЦИА на регионов остави видливи ефекти кај Курти и Вучиќ

Приштина, 16 септември 2024 (МИА) – Поранешната вицепремиерка и главна преговарачка на Косово во дијалогот со Србија, Едита Тахири вели дека неодамнешната посета на шефот на американската разузнавачка агенција, ЦИА, Вилијам Барнс на регионов, видно влијаеше на однесувањето на косовскиот премиер, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на својата страница на Фејсбук, Тахири рече дека промените по посетата на Барнс почнале да се забележуваат и кај Курти, кој се откажа од целта да го отвори мостот на Ибар, кој го дели градот Митровица на северен и јужен дел, едниот со српско, а другиот со албанско мнозинство, како и кај Вучиќ, кој повика на прекин на бојкотот на институциите во северно Косово од страна на косовските Срби.

„Првите ефекти од посетата на шефот на ЦИА: Курти заборави да го отвори мостот на Ибар, додека Вучиќи заборави да го продолжи бојкотот, ги повика Србите да се вратат во косовските институции... има уште постратешки ефекти што се случуваат...“, напиша Тахири.

Шефот на ЦИА на 19 август допатува во посета на Босна и Херцеговина, за на 21-ви да ја посети Србија, а потоа, на 23 август, со авион на американската војска, без претходна најава, да слета на Приштинскиот аеродром. Од посетите на Сараево и Белград немаше речиси никакви јавни соопштенија, додека од дводневната посета на Приштина беа објавени фотографии од средбите со премиерот Курти и претседателката на државата, Вјоса Османи, кои објавија дека средбите со Барнс биле пријателски и конструктивни.иа

Остани поврзан