• вторник, 26 ноември 2024

Таткото на напаѓачот во џамијата во Тирана: Син ми беше католик а го прими исламот, беше и во Македонија 

Таткото на напаѓачот во џамијата во Тирана: Син ми беше католик а го прими исламот, беше и во Македонија 
Тирана, 19 април 2021 (МИА) - Во екслузивно интервју за агенцијата Балкан веб, Нико Николи, таткото на напаѓачот во џамијата во Тирана, Рудолф Николи, изјавил дека се припадници на католичката вероисповет, но оти синот во плурализмот го примил исламот и се молел во џамии. Тој дури потврдил дека момчето неколкупати било во џамијата „Дине Хоџа“ на улицата „патот за Каваја“ во Тирана, каде што се молел, а потоа заминувал во друга џамија. Таткото вели дека момчето не било во добра здравствена состојба и оти од декември досега било хоспитализирано петпати во психијатриска болница. -Имам шест деца, ги одгледав со многу маки и ги воспитував да бидат вистински луѓе. Јас сум католик. Кога дојде ова време на демократија, имаше еден имам кој ги земаше децата и се обидуваше да ги претвори во муслимани. Тогаш момчето започна да се моли. Тој ми го зеде детето во џамија, додал тој. -Сакаше да оди за Италија, но го вратија назад од аеродромот во Тирана. Момчето беше добро. Таму го прашале дали си бил во Македонја на што тој одговорл потврдо, дека бил. Откако го вратија од аеродромот ...го прашав „сине,што ти е ?“ а тој ми рече дека го следат некои луѓе, дека знае кои се и оти сакаат да го убијат, рекол таткото на напаѓачот. Посочува дека познава некои луѓе од Пешкопеја, кои го следеле неговиот син. Рудолф дипломирал на Филолошкот факултет во Тирана, на катедрата за француски јазик, каде работел во пицерија. Пред неколку години се вратил, побарал од татко му пари и отворил бизнис во Пешкопеја. Од пред нова година боледувал од депресија а прележал и Ковид-19. Нико Николи не го оправдува чинот што го направил неговиот син во свето место. Тој денеска во 14:30 со нож избоде најмалку пет лица во време на молитва во спомената џамија во Тирана. Имамот на џамијата за медиумите изјави дека се надева дека не станува збор за терористчки акт. Од надлежните суште нема официјална потврда за тоа кој е мотивиот за нападот.вт/

Остани поврзан