• сабота, 21 декември 2024

Таравари: Потребна е максимална мобилизација за победа на 24 април и конечна победа на „ВЛЕН“ на 8 мај

Таравари: Потребна е максимална мобилизација за победа на 24 април и конечна победа на „ВЛЕН“ на 8 мај

Гостивар, 21 април 2024 (МИА) – На митинг во Гостивар на коалицијата Влен/Вреди, кандидатот за претседател Арбен Таравари порача дека очекува победа на претстојните избори, но како што напомена, потребна е вонредна мобилизација.

- Ве замолувам за вонредна мобилизација, за да ја направиме разликата од 7.000 гласови како што ветивме. Ми велат дека тоа сум го ветил и сега треба заедно да го направиме тоа. Затоа, овие два-три дена да продолжиме да работиме заедно и да ја направиме победата голема, рече Таравари.

Тој ја побара поддршката од гостиварци за, како што рече, остварување на првата победа на 24 април и конечната победа на коалицијата „ВЛЕН“ на 8 мај.

Носителот на кандидатската листа за пратеници во Шестата изборна единица и лидер на „Беса“, Биљал Касами упати критики до политичките противници од Европскиот фронт предводен од ДУИ.

- Народот вели дека затворот е за мажи, но и за криминалци. Криминалот не поминува неказнето, бидејќи во спротивно, продолжува, рече Касами.

Лидерот на Демократското движење Изет Меџити се осврна на положбата на Албанците и напомена дека со ВЛЕН ќе има правна држава и дека ќе бидат ослободени сите неправедно осудени Албанци.

- Ви ветуваме дека владеењето на правото ќе функционира. Ќе правиме реформи со ветинг (проверка) во правосудството. Ќе ги ослободиме од затвор сите неправедно осудени Албанци. Вашите проблеми ќе добијат решенија и ќе добиете влада која го слуша граѓанинот, влада која му служи на граѓанинот, влада посветена на граѓанинот, рече Меџити.

Лидерот на Алтернатива и носител на на кандидатската листа за пратеници во Втората изборна единица Африм Гаши порача дека од Гостивар почнува промената и дека овој град е клучот за промените.

- Овој пат пролетта дојде и почна во Гостивар, кога цути пролетта, тоа е знак дека Таравари победува, рече Гаши.

Од говорницата се обратија и кандидатите за пратеници на коалицијата Влен/Вреди, Халил Снопче, Беким Чоку, Саранда Имери Стафаи. згм/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан