• вторник, 24 декември 2024

Таравари од велешко: Ги послушавме барањата на граѓаните, економскиот развој е нашиот фокус

Таравари од велешко: Ги послушавме барањата на граѓаните, економскиот развој е нашиот фокус

Скопје, 15 април 2024

Кандидатот за претседател на ВЛЕН, Арбен Таравари денеска го посети градот Велес и околните населени места. Прво беше во велешката џамија, а потоа го посети и градскиот пазар и ги ислуша барањата на трговците и граѓаните.

„Денеска решивме да ја посетиме источна Македонија и да почнеме од градот Велес за да поразговараме со трговците, луѓето, а потоа ќе продолжиме во другите маала и населени места“, рече Таравари.

Таравари нагласува дека неговата посета на овие населени места е да ги слушне барањата на граѓаните и одблиску да се запознае со проблемите со кои се соочуваат.

Овде на пазарот ми кажаа за нивната работа, ги слушнавме нивните главни проблеми“, рече Таравари, додавајќи дека програмата на ВЛЕН главно се заснова на економски развој, бидејќи Северна Македонија е и најнеразвиена економски на Балканот.

 

Коалиција „Вреди“

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан