• сабота, 23 ноември 2024

Таравари: Ова е легитимниот конгрес на АА

Таравари: Ова е легитимниот конгрес на АА

Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) - Лидерот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари вечерва пред почетокот на вонредниот конгрес на партијата, изјави дека очекува да бидат потврдени одлуките за коалицирање со албанската опозиција, како и неговата кандидатура за претседател на претстојните избори.

-Конгресот е свикан заради две главни точки. Првата за да ја добијам поддршката од конгресот за да се кандидирам за претседател на државата и да почнеме да ги собираме потписите. Втората работа е да се потврди коалицијата што треба да се случи утре, а потоа ќе имаме уште една точка за статутарни измени на одредби кои очигледно беа злоупотребени изминатиов период, рече Таравари.

Прашан што мисли за конгресот на поранешниот претседател на партијата Села, и претседател на партиското Собрание закажан за во недела, Таравари рече „ова е легитимниот конгрес“.  Според него, за да се свика собрание потребни се две третини од делегатите, а Села немал ниту половина од нив. За тоа кого посакува за противкандидат од редовите на ДУИ, Таравари вели дека би сакал тоа да е претседателот на ДУИ Али Ахмети.

- Јас би го посакал Али Ахмети, но ќе ги почитувам и другите кандидати кои имаат поддршка од своите партии, истакна Таравари.

Конгресот се одржува два дена пред конгресот што го закажа Села, а на кој ќе се бара одговорност и разрешување на Таравари поради неговата одлука да влезе во коалиција со Европскиот сојуз за промени. Таравари, пак, вчера ја објави својата кандидатура за претседател со поддршка од париите во ЕСП. вг/лв/

фото:МИА 

 

Остани поврзан