• сабота, 23 ноември 2024

Таравари во Абу Даби на средба со заменик-министерот за здравство, доктор Јусиф Мохамед АлСеркал

Таравари во Абу Даби на средба со заменик-министерот за здравство, доктор Јусиф Мохамед АлСеркал

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари денеска во Абу Даби одржа работна средба со заменик-министерот за здравство и генерален директор на Здравствената служба на Емиратите, доктор Јусиф Мохамед АлСеркал, информираат од неговиот тим.

На средбата се дискутирало за интензивирање на соработката меѓу двете земји, особено во областа на размена на искуства и специјализации на лекари на универзитетите во двете земји.

Се разговарало и за отворање нови пазари за фармацевтскиот сектор, како и за меѓусебно признавање на дипломите на лекарите меѓу двете земји.

Во писмената изјава на Таравари се наведува дека посебно биле нагласени неколку можности за инвестиции во здравствениот сектор, особено за изградба на нови болници во Северна Македонија.

- Обединетите Арапски Емирати имаат посебен интерес да го поддржат целиот наш здравствен сектор. На состанокот од страната на ОАЕ учествуваа и доктор Хусаин Абдулрахман Ал Ранд, помошник министер за јавниот сектор и доктор Амин Хусеин Аламеери, помошник министер за регулаторниот сектор за здравство, додава Таравари во изјавата. бд/сст/

Фото: Тим на Арбен Таравари

Остани поврзан