• сабота, 04 јануари 2025

Танцовото студио „Мистик“ од Гевгелија го освои подиумот во Ниш

Танцовото студио „Мистик“ од Гевгелија го освои подиумот во Ниш

Гевгелија, 2 јануари 2025 (МИА) - Танцовото студио „Мистик“ од Гевгелија ја заокружи успешната работа во 2024 година со освоени уште три високи награди на подиумот во Ниш во конкуренција од 1.148 учесници на Меѓународниот танцов натпревар „Balkan Dance Unity”, информираа од Општина Гевгелија.

Успешните резулатите на „Мистик“ се должат на секојдневните интензивни подготвки.

- Програмата по денс фитнес се состои од тренинг што користи чекори и движења од различни стилови, првенствено латино и урбани танци. За оваа пригода составивме триминутна кореографија на основа на урбани танци како би се вклопиле во категоријата стрит денс шоу. Групата беше високо мотивирана за овој проект и резултатот е очекуван, стои во пренесената изјава на кореографот и тренер Александар Аврамов.

Инаку, гевгелиските танцувачи се закитија со три златни пехари и медали и тоа јуниорите натпреварувајќи се во категоријата хип-хоп формација и сениорите во категориите стрит и 2 стрит-шоу формација. рт/цр

Фото: Општина Гевгелија

Остани поврзан