Тактичко-показна вежба ,,Симулација на пожар" по повод Денот на пожарникарите во Берово
- Во Берово изведена тактичко-показна вежба, симулација на пожар. Активноста се реализира во рамки на активностите, за одбележување на 20 мај - Ден на пожарникарите. Целта на вежбата, како што истакнаа од ТППЕ Берово, е запознавање на учениците и вработените, како да реагираат во случај на пожар.
Берово, 20 мај 2025 (МИА) - Во Берово изведена тактичко-показна вежба, симулација на пожар. Активноста се реализира во рамки на активностите, за одбележување на 20 мај - Ден на пожарникарите. Целта на вежбата, како што истакнаа од ТППЕ Берово, е запознавање на учениците и вработените, како да реагираат во случај на пожар.
-Територијаланата противпожарна единица Берово, во соработка со Црвен крст, МВР- Берово и Здравствен дом Берово, денеска, во ОСУ ,,Ацо Русковски" изведе Тактичко-показна вежба за симулација на пожар.

Целта на вежбата, е запознавање на учениците и вработените, како да реагираат во случај на пожар, за брза, ефикасна и навремена евакуација и спречување на поголеми катастрофи, информираа од ТППЕ Берово.
Исто така од страна на присутните припадници на ТППЕ – Берово, беше спроведена обука на учениците и вработените во училиштето, како правилно се ракува со противпожарни апарти и одржано е предавање, како треба да се постапува во итни ситуации.
Активноста ја поздрави и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој изрази благодарност до ТППЕ - Берово, ЈЗУ Здравствен дом Берово, Црвен крст – Општинска организација Берово, МВР – Берово и ОСУ ,,Ацо Русковски", кои со своите тимови, дадоа свој придонес, за ефикасно реализирање на вежбата. вс/дма/
Фото: МИА