Сунак се соочува со бунт во неговата партија поради плановите да им се забрани на младите да пушат
- Британскиот премиер Риши Сунак се соочува со нов бунт во неговата партија поради плановите да им се забрани на младите да пушат цигари.

Лондон, 16 април 2024 (МИА) - Британскиот премиер Риши Сунак се соочува со нов бунт во неговата партија поради плановите да им се забрани на младите да пушат цигари.
Доколку се усвои законот за тутун и електронски цигари, би било прекршок да се продаваат тутунски производи на секој роден по 1 јануари 2009 година, јави „Скај њуз“.
Тоа значи дека оние кои сега имаат 15 или помалку години никогаш нема да можат легално да купат цигари. рп/
Фото: МИА архива