• среда, 25 декември 2024

Суецки Канал и понатаму блокиран

Суецки Канал и понатаму блокиран
Каиро, 27 март 2021 (МИА) - Товарниот брод „Евер гивен“ (Ever Given) петти ден по ред го блокира Суецки Канал, а египетските власти планираат нови акции за деблокирање. Бродот се уште е во иста позиција. За денеска се планирани најмалку два обида за ослободување на насуканиот брод, но кога ќе се намали плимата. Исто така предвидено е и испумпување на вода од внатрешноста на бродот. На медиумите им е забранет пристап до местото на насукување. Бродот „Евер гивен“ долг 400 метри и тежок повеќе од 219.000 тони, пловел под знамето на Панама кон Ротердам, а во сопственост на јапонска компанија. Бродот се насука во вторникот под налет на ветар додека минувал низ јужниот влез на Суецки Канал. Повеќе од 150 бродови не можат да продолжат да пловат низ каналот, што создава огромни загуби. Суецки Канал, кој ја дели континентална Африка од Синајски Полуостров е долг околу 193 километри и ги поврзува Средоземното Море и Црвеното Море. Вештачкиот канал е најкратката врска помеѓу Азија и Европа. ми/

Остани поврзан