Судскиот совет закажа итна седница во 14 часот по оставката на претседателката Весна Дамева
- Судскиот совет за денеска во 14 часот свика итна седница на која, според дневниот ред, треба да биде констатирана оставката на досегашната претседателка Весна Дамева која денеска на прес-конференција објави дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата. На седницата, како што е најавено, ќе треба да биде избран и нов претседател на Судскиот совет.

Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - Судскиот совет за денеска во 14 часот свика итна седница на која, според дневниот ред, треба да биде констатирана оставката на досегашната претседателка Весна Дамева која денеска на прес-конференција објави дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата.
На седницата, како што е најавено, ќе треба да биде избран и нов претседател на Судскиот совет.
Во своето обраќање до јавноста, Дамева рече дека оставката е неотповиклива и оти одлуката ја донела како последица на обидите да се наруши нејзиниот интегритет од неколку политичари од власта. бак/лв/
Фото: МИА архива