Судскиот совет донесе одлука да остане иста месечната норма на решени предмети по судија во основните судови низ државата
- Имајќи го во предвид бројот на предмети, колку судии работат и постапуваат сметаме дека да остане истата норма какошто била и претходно 2024 година. Од страна на Виш Управен суд достави мислење до Судскиот совет, тие не предлагаат некое зголемување или намалување на предмети кои постапуваат и предлагаат да не се менува нормата и таков е и предлогот на Комисијата која ја даде на Судски совет, вели Зендели.

Скопје, 17 април 2025 (МИА) – По сеопафтана анализа и мислење на судовите, Судскиот совет на денешната 520 седница утврди колкав да биде бројот на решени предмети во текот на еден месец и тоа во основните, апелациските судови, потоа во Управниот, Виш Управен суд и во Врховниот суд на Република Северна Македонија за 2025 година. Судијата Ханиф Зендели член на Судскиот совет вели дека во предвид се земени годишните извештаи, моменталниот број на судии, како и од податоците од АКМИС системот. Зендели посочи дека судиите од Врховниот суд предлагаат да немаат норма и не треба да се задолжат со исполнување на оринетационен број на решени предмети во текот на еден месец.
-Имајќи го во предвид бројот на предмети, колку судии работат и постапуваат сметаме дека да остане истата норма какошто била и претходно 2024 година. Од страна на Виш Управен суд достави мислење до Судскиот совет, тие не предлагаат некое зголемување или намалување на предмети кои постапуваат и предлагаат да не се менува нормата и таков е и предлогот на Комисијата која ја даде на Судски совет, вели Зендели.
Во однос на Управниот суд, Комисијата на судскиот совет утврди по однос на предметите У1 наместо 26, судијата во текот на месецот да реши 22 предмети, потоа за У3 наместо 26 да бидат 22, за У4 наместо 26 да бидат 22 предмети и за УСП наместо 33 да се намали на 30 решени предмети.
Зендели вели дека за ваквото намалување во предвид ги земале колкав е фондот и бројот на предмети, по кои треба да решаваат судиите во управниот суд, а додека по другите Уписници да останат истиот број на решени предмети во текот на еден месец, како што било во 2024 година. Што се однесува за судиите во четирите Апелационите судови Скопје, Битола, Гостивар и Штип да се намали бројот на предмети по однос на КЖ од 20 на 15 решени предмети и за КЖМ наместо 14 да решат десет предмети.
За судиите во основните судови нема промени, односно ја имаат истата норма за решавање на предмети во текот на еден месец, како и во 2024 година. вдј/аа/
Фото: МИА