• среда, 01 јануари 2025

Судскиот процес против Додик продолжува на 29 јануари

Судскиот процес против Додик продолжува на 29 јануари

Бања Лука, 30 декември 2024 (МИА) - Во Судот на БиХ се одржа статусна конференција за случајот против претседателот на Република Српска Милорад Додик, каде беше одлучено следното рочиште да се одржи на 29 јануари 2025 година.

Судот го отфрли барањето на одбраната за изземање на вештакот Харис Враниќ. Враниќ изјави дека неговото вештачење е базирано на медицинска документација, додавајќи дека нема конфликт на интереси.

Како што наведе Враниќ, во отпусното писмо на Додик пишува дека тој не смее да се занимава со физички активности три месеци, што, како што наведува, не вклучува возење од Бања Лука до Сараево и седење на рочиштето. Тој рече и дека операцијата на Додик се класифицира како помала операција.

Судијата праша дали постои согласност меѓу обвинителството и одбраната за продолжување на процесот без повторно изведување докази. Обвинителството се согласи, додека Одбраната побара неколку дена за да одговори. 

Додик е обвинет за „неспроведување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница“ во БиХ. ссм/

фото: архива

Остани поврзан