• среда, 25 декември 2024

Судот определи 30 дневен притвор за Камчев

Судот определи 30 дневен притвор за Камчев
Скопје, 14 март 2021 (МИА) - Определен е 30-дневен притвор за бизнисменот Орце Камчев. Според неговиот адвокатот Тони Менкиноски изутрината Камчев е притворен поради предлог на обвинител од Радовиш за кривично дело изборна измама, а сега добил 30 дневен притвор поради индиција на Агенцијата за национална безбедност дека ќе се дал во бегство. Камчев е приведен утринава во Полициската станица Карпош.  По приведувањето беше упатен во Кривичниот суд во Скопје, на распит пред судија по претходна постапка. Според објавите на дел од медиумите, Камчев се подготувал за бегство, а информацијата за ваквиот обид до Обвинителството ја доставила Агенцијата за национална безбедност. Орце Камчев е еден од осомничените во случајот „Империја“, но и во случајот „Плацеви на Водно“ за кој Рускоска информираше дека истрагата е при крај. Во „Плацеви за Водно“ првоосомничен е поранешниот премиер Никола Груевски, за кого истрагата покажала дека со пари на партијата си купил плацеви во вредност од 1,3 милиони евра. мс/бк/

Остани поврзан