• вторник, 24 декември 2024

Судот на ЕУ: Треба да се ограничи собирањето на податоци за патниците во авиосообраќајот

Судот на ЕУ: Треба да се ограничи собирањето на податоци за патниците во авиосообраќајот
Луксембург, 21 јуни 2022 (МИА) - Собирањето податоци за патниците во авиосообраќајот во Европска Унија поради борбата против криминалот мора да биде ограничено само на неопходно, одлучи Судот на правдата на Европската унија (ЦЈЕУ), повикувајќи се на основните права. Директивата за евиденција на податоци за патници (ПНР), усвоена во 2016 година, им дозволува на полицискиот и судскиот персонал да пристапи и да ги користи податоците за патниците на летовите до и од ЕУ за борба против сериозниот криминал и одржување на безбедноста во Унијата. Групите за човекови права оценуваат дека тоа е инвазивно и неоправдано кршење на основните права на приватност и на заштита на податоците. Во 2017 година, Белгиската лига за човекови права (ЛДХ) и други организации се обидоа да ја оспорат ПНР на суд во таа земја, тврдејќи дека собира премногу податоци и дека тоа може да доведе до масовно следење, дискриминација и профилирање. Белгискиот суд потоа побара мислење од највисокиот суд во ЕУ, ЦЈЕУ во Луксембург. ми/

Остани поврзан