• понеделник, 23 декември 2024

Судот во Илиноис забрани носење одредено полуавтоматско оружје

Судот во Илиноис забрани носење одредено полуавтоматско оружје

Чикаго, 11 август 2023 (МИА) - Врховниот суд на американската сојузна држава Илиноис ја потврди денеска забраната за продажба и поседување на вид полуавтоматско оружје користено во стотици масовни убиства во земјата.

Судот утврди дека Законот за заштита на заедницата не ја крши гаранцијата на федералниот Устав за еднаква заштита на законот.

Законот забранува десетици одредени марки или типови пушки и пиштоли и уреди за брзо пукање, така што ниедна пушка не смее да носи повеќе од 10 куршуми, а пиштолите 15. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан