• вторник, 24 декември 2024

Судот во Египет осуди 10 лица на смртна казна за трговија со дрога

Судот во Египет осуди 10 лица на смртна казна за трговија со дрога
Каиро, 6 септември 2021 (МИА) - Судот во Египет осуди десет мажи на смрт за трговија со дрога по заплена на повеќе од два тона хероин, објавуваат медиумите според египетски судски извори. Седум Пакистанци, двајца Египјани и еден Иранец се осудени на смрт со бесење. Властите откриле пратка хероин во вредност од 107 милиони евра и 99 килограми метамфетамин на брод на Црвеното Море. Датумот на заплена не е наведен. Осудените имаат рок од 60 дена да ја обжалат пресудата. паг/    

Остани поврзан