Судењето за убиството на Вања и Панче се одлага за 19 март
- Основниот кривичен суд Скопје информира дека главната расправа за предметот поврзан со двојното убиство на малолетната Вања и велешанецот Панче, закажана за утре се отповикува, со оглед да еден од судиите поротници, заради здравствени причини не може да присуствува на судењето. Расправата, како што информираат од Кривичен, треба да продолжи на 19 март, но за евентуални промени, странките во постапката и медиумите ќе бидат благовремено известени.

Скопје, 16 март 2025 (МИА) – Основниот кривичен суд Скопје информира дека главната расправа за предметот поврзан со двојното убиство на малолетната Вања и велешанецот Панче, закажана за утре се отповикува, со оглед да еден од судиите поротници, заради здравствени причини не може да присуствува на судењето.
Расправата, како што информираат од Кривичен, треба да продолжи на 19 март, но за евентуални промени, странките во постапката и медиумите ќе бидат благовремено известени.
Судењето се наоѓа во доказна постапка и требаше да продолжи со сослушување на обвинетите. На минатото рочиште беше сослушан Велибор Манев, кој рече дека се познава со сите обвинети, освен со таткото на убиеното девојче. Тој рече дека за грабнувањата ги координирал Љупчо Палевски Палчо и дека сметал оти требало да извршат само грабнувања и се изненадил кога Палчо ги застрелал Вања и Панче.
Обвинетиот одговарајќи на прашања на неговиот бранител, во детали ги образложи грабнувањета на Вања и Панче, при што посочи дека координатор и извршител на убиствата бил Палевски. Тој нагласи дека после убиството на Панче, продолжил со грабнувањето на Вања поради страв и закани од Палевски кон него и неговото семејство.
Според најавеното, по сослушувањето на Манев, треба да сведочи Боре Видевски, Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски и на крај Палевски.
Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес. аа/ац/
Фото: МИА архива