• понеделник, 16 декември 2024

Субименди: Не жалам што не преминав во Ливерпул

Субименди: Не жалам што не преминав во Ливерпул

Сосиедад, 2 октомври 2024 (МИА) - Играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Субименди, верува дека ја донел вистинската одлука со тоа што ја одбил понудата од Ливерпул ова лето.

-Поминав низ неколку непријатни моменти. Најдобрата одлука за мене беше да останам овде. Среќен сум и смирен. Имаше голема врева поради медиумите, но на крајот се испадна поедноставно отколку што изгледаше. Секако, не жалам за овој избор, не можам да бидам негативен по четири или пет натпревари на почетокот на сезоната. Не ми е грижа за резултатите. Гледам потенцијал во овој тим. Само треба да гледате како тренираме. Мислам дека ќе имаме добра сезона, изјави Субименди.

Субименди е младински играч на Реал Сосиедад. 25-годишниот играч одигра 197 натпревари за првиот тим на клубот, постигнувајќи 9 голови и 7 асистенции. Неговиот договор е до јуни 2027 година.

Реал Сосиедад по 8 кола се наоѓа на 14. позиција во Ла Лига со 8 бодови. дс

Фото: Архива

Остани поврзан