• среда, 27 ноември 2024

Суарез можеби нема да се пресели во Јувентус, тој нема време да добие државјанство

Суарез можеби нема да се пресели во Јувентус, тој нема време да добие државјанство
Торино, 20 септември 2020 (МИА) - Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи изјави дека клубот најверојатно нема да има време да го ангажира Луис Суарез. Уругвајскиот напаѓач на Барселона веќе пристигна во Торино и на 17 септември  полагаше за италијанскиот пасош. Клубот од Торино веќе ја искористи квотата за странски фудбалери, па затоа на Суарез му треба италијански пасош. - Суарез може да биде исклучен од трансфер листата, бидејќи времето за добивање пасош може да се случи подоцна од рокот за трансфер или поднесувањето на пријавата за Лигата на шампионите, изјави Паратичи за „Sky Sports“. зс/

Остани поврзан