• четврток, 29 август 2024

Студија: Сè повеќе пластика се натрупува во човечкиот мозок

Студија: Сè повеќе пластика се натрупува во човечкиот мозок

Санта Фе, 27 август 2024 (МИА) - Во примероци на човечки мозок собрани на обдукции на почетокот на 2024 година се пронајдени повеќе ситни парчиња пластика во споредба со примероците собрани осум години претходно.

- Концентрациите што ги видовме во мозочното ткиво на нормални поединци, кои имаа просечна возраст од околу 45 или 50 години, изнесуваа 4.800 микрограми по грам, или 0,5 проценти по тежина, вели Метју Кампен, професор по фармацевтски науки на Универзитетот во Ново Мексико.

- Во споредба со обдукциските примероци од мозокот од 2016 година, тоа е зголемување за околу 50 проценти. Тоа би значело дека нашиот мозок денес е 99,5 проценти мозок, а остатокот е пластика, изјави Кампен.

Ова зголемување само покажува изложеност и не дава информации за оштетување на мозокот, истакна Фиби Стејплтон, вонреден професор по фармакологија и токсикологија на Универзитетот Рутгерс во Пискатавеј, Њу Џерси.

- Нејасно е дали овие честички во животот се течни, влегуваат и излегуваат од мозокот, или се собираат во невролошкото ткиво и предизвикуваат болести. Потребни се понатамошни истражувања за да се разбере како честичките можат да стапат во интеракција со клетките и дали тоа има токсиколошки последици, додаде таа.

Примероците од мозокот содржеле 7 до 30 пати повеќе ситни парчиња пластика отколку примероците од бубрезите и црниот дроб, се вели во нацртот на студијата.ссм/

фото: архива

Остани поврзан