• понеделник, 23 декември 2024

Студио за колор-корекција и монтажа во НУФЦ „Вардар филм“

Студио за колор-корекција и монтажа во НУФЦ „Вардар филм“
Скопје, 12 јули 2022 (МИА) - НУФЦ „Вардар филм“-Скопје  отвори студио за колор-корекција и монтажа по најсовремени стандарди, кое од денеска ќе биде на располагање на филмската фела во земјава. Националната установа со промотивно видео информираше за трансформацијата на запуштен простор во модерно студио. Целата инвестиција - инфраструктурниот дел и  набавката и монтажата на професионалната опрема  изнесува над три милиони денари. Над 1 милион денари е вредноста на специјалниот референтен монитор за колор од брендот „SONY“, кој е единствен во државава. НУФЦ „Вардар филм“ соопшти дека средствата се обезбедени од нивниот сопствен буџет, а со инвестицијата првпат по неколку децении во установата е донесена професионална филмска опрема. - „Вардар филм“ постои и се грижи за вас. Целиот наш ангажман и континуирана работа за модернизирање на овој филмски центар, вклучувајќи го и новото студио за колор грејдинг и видео едитинг, е со единствена цел - олеснување на целиот процес за реализација на вашите филмски проекти и воедно да се зголеми придонесот кон развивање на нашата кинематографија, се наведува во пораката на раководството на НУФЦ „Вардар филм“ до филмските работници. хс/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан