Студентската организација БЕСТ Скопје организира информативен состанок за нови членови
- Интернационалната студентска организација БЕСТ Скопје, (Борд на европски студенти по технологија) денеска Информативен состанок за нови членови, кој ќе се одвива со физичко присуство
![Студентската организација БЕСТ Скопје организира информативен состанок за нови членови](https://mia.mk/index.php/images/20221112131246_big_730x400_18.webp )
Скопје, 22 февруари 2022 (МИА) - Интернационалната студентска организација БЕСТ Скопје, (Борд на европски студенти по технологија) денеска ќе одржи информативен состанок за нови членови, кој ќе се одвива со физичко присуство.
- Периодот на студирање за повеќето млади луѓе е еден од највозбудливите периоди исполнети со високи очекувања и планови за остварување на сите цели, како на академски, така и на социјален план. Нашите планови не секогаш работат на начинот на којшто ние би сакале, но најважно е да се фокусираме на она што е највредно - развивање на својот најдобар студентски живот во околина којашто нѐ прави подобри верзии на самите себе, велат од БЕСТ Скопје.
Бордот на Европски Студенти по Технологија - Скопје (БЕСТ - Скопје) е невладина, непрофитна студентска организација чијашто главна цел е развојот на студенти преку поддршката при личниот и академскиот развој, заедно со многу нови искуства и пријателства. оџ/вг/