• вторник, 24 декември 2024

Студентите може да учествуваат во екстерната евалуација на високообразовни институции и студиски програми

Студентите може да учествуваат во екстерната евалуација на високообразовни институции и студиски програми
Скопје, 23 август 2022 (МИА) - Министерството за образование и наука и Агенцијата за квалитет на високото образование ги вклучуваат студентите во процесот на евалуација на високообразовните институции и студиски програми во Република Северна Македонија. За таа цел, објавен е конкурс за пријавување на заинтересирани студенти за учество во оваа постапка. - Секој апликант треба да исполнува неколку услови, односно да е државјанин на Република Северна Македонија, да има статус на редовен студент на прв, втор или трет циклус на студии во земјата, да има претходно искуство во евалуација на високообразовни институции во земјата или странство и да има познавање на англискиот јазик, соопшти Министерството за образование и наука. Пријавувањето е со пополнување Образец кој е достапен на веб-страницата на Агенцијата за квалитет на високото образование и потоа потпишан и скениран се доставува на електронските адреси: cvete.stefanovska@tfb.uklo.edu.mk и vlado.gicev@ugd.edu.mk. Крајниот рок за пријавување на студентите заинтересирани да се вклучат во процесот на евалуација на високообразовните институции и студиски програмие е 18 септември 2022. хс/сп/

Остани поврзан