• понеделник, 16 декември 2024

Струмичкото комунално претпријатие почна со чистење на диви депонии во селата

Струмичкото комунално претпријатие почна со чистење на диви депонии во селата

Струмица, 2 декември 2024 (МИА) - Со чистење на дивите депонии во селата Муртино и Банско струмичкото комунално претпријатие почна со чистење на таквии депонии во сите населени места во Општината.

Како што соопштија од „Комуналец“, со механизација и камиони само од депонијата во Муртино се подигнати 320 метри кубни отпад, кој е депониран на депонијата „Шапкар“.

-Во текот на оваа недела продолжуваме со чистење и на другите диви депонии низ сите населени места на Општина Струмица. За да се почувствува бенифитот од ваквите акции, покрај нашето редовно чистење, секако потребна е и соработка и помош од сите граѓани и пред се со зголемување на еколошката култура и нефрлање на отпад покрај патиштата и во нивите, се наведува во информацијата од „Комуналец“.

Оттаму додаваат дека отпадот од домаќинствата континуирано се подига од градот и сите населени места, а останатиот отпад од градот и населените места да се пријавува на телефонскиот број 13-110 или да се депонира исклучиво во депонијата „Шапкар“. рт/дма/

Фото: ЈПКД „Комуналец“ Струмица

Остани поврзан