• петок, 26 јули 2024

„Струмица-град на културата 2021“ продолжува со концерт „Живеј со музика“ на оперскиот пејач Влатко Груевски

„Струмица-град на културата 2021“ продолжува со концерт „Живеј со музика“ на оперскиот пејач Влатко Груевски
Струмица, 26 август 2021 (МИА) - Со концертот „Живеј со музика“ на оперскиот пејач, тенорот Влатко Груевски вечер во Струмица продолжува манифестацијата „Струмица-град на културата 2021“. Утре и задутре настаните продолжуваат со научен симпозиум на тема „70 години Институт за фолклор „Марко Цепенков“ и „50 години фолклористичка дејност на Иван Котев“. Последниот ден од овој месец е резервиран за „Размена на изложба“ со дела од Роза Мојсовска. Синоќа, пак, во Малиот градски парк се одржа концерт на македонски џез евергрини. рт/мд/

Остани поврзан