• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Струга ТЛ со победа ја почна одбраната на титулата, Шкендија единствена со гостински триумф

Струга ТЛ со победа ја почна одбраната на титулата, Шкендија единствена со гостински триумф

Скопје, 6 август 2023 (МИА) – Со петте денешни натпревари од првото коло почна новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Шампионот Струга Трим Лум ја оправда фаворитската улога против Гостивар.

 

Домашниот терен го одбранија уште и АП Брера, Брегалница и Тиквеш, додека единствено Шкендија ги освои бодовите на страна.

 

Резултати 1. коло во ПМФЛ сезона 2023/24:

АП Брера Струмица – Вардар 1:0
Брегалница – Силекс 2:1
Струга ТЛ – Гостивар 2:0
Тиквеш – Македонија ЃП 1:0
Воска Спорт – Шкендија 0:1. зс/

Остани поврзан