• сабота, 23 ноември 2024

Струга од утре домаќин на шаховската Лига на шампиони, настапува светскиот првак Магнус Карлсен

Струга од утре домаќин на шаховската Лига на шампиони, настапува светскиот првак Магнус Карлсен
Струга, 16 септември (МИА) – Струга од утре до 25 овој месец ќе биде домаќин на Европскиот клупски куп во шах во машка и женска конкуренција на кој ќе настапат над 250 шахисти, вклучувајќи го и светскиот првак, Норвежанецот Магнус Карлсен. Европскиот клупски куп во машка конкуренција, 36. по ред, ќе се одржува во хотелот „Изгрев“, додека натпреваритре во рамки на 25. Европски шаховски клупски куп за жени ќе се играат во хотелот „Дрим“. Струга е третиот македонски град, кој е домаќин на шаховската Лига на шампиони, по Охрид во 2009 и Скопје во 2015 година. Од македонските клубови на Европското клупско првенство ќе настапат Алкалоид, Прилеп, Гостивар и Гамбит Асеко СЕЕ во машка, како и Алкалоид, МШК Центар и Куманово во женска конкуренција. ег/цр

Остани поврзан