• вторник, 24 декември 2024

„Стрела“ е рускиот одговор на американскиот „Хамер“

„Стрела“ е рускиот одговор на американскиот „Хамер“
Москва, 1 септември 2021 (МИА) - Додека Америка ги чека првите примероци на заживеаниот „Хамер“ под брендот на „ГМЦ“, Русија ќе добие нов робустен теренец кој изгледа како мешавина од „Хамер Х1“, „Х2“ и слични возила. „Рускиот хамер“ се вика „Стрела“ (Ароу) и ќе биде наменет, пред сѐ, за државните служби на редот и законот, но и за домашниот потрошувачки пазар. Засега се знае оти возилото е долго 5,1 и широк 2,35 метри, а тежи 3.500 килограми, со носивост до 900 кг., т.е. пет лица на пет одделни седишта. Се напојува со 2,8-литарски „Каминс“ дизел-мотор којшто развива 157 коњски сили и е поврзан со 6-степен рачен менувач. Моќта се пренесува на сите четири тркала, додека максималната брзина е 120 км/ч. Прототипот има подвижен заден покрив, а неговите создавачи размислуваат и за цела серија слични возила, вклучувајќи и теренец со фиксен покрив, верзија со седум седишта и камион.  си/

Остани поврзан