• вторник, 12 ноември 2024

Сто и седум години од раѓањето на Киро Глигоров првиот Претседател на Република Македонија

Сто и седум години од раѓањето на Киро Глигоров првиот Претседател на Република Македонија

Штип, 3 мај 2024 (МИА) - Околу 5.000 до 6.000 граѓани и туристи во текот на годината го посетуваат Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“, каде што се наоѓа и неговата спомен соба во Штип. На денешен ден пред 107 години роден е Киро Глигоров првиот претседател на Република Македонија.

Кирил Панајотов вработен во Општина Штип и Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ вели дека во еден ден имале 400 лица или  рекорна посетеност на спомен собата на Глигоров.

-Тоа се групни посети на ученици, на активисти по разни основи, здруженија на граѓани, борци, пензионери. Традиционално имаме отворен ден на спомен собата и оние, коишто се заинтересирани, вели Панајотов.

„Македонија е се што имаме“ порачуваше првиот Претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Панајотов вели пораките и она што го говореше Глигоров станува се поактуелно во земјава и регионот.

- Ова го поткрепувам со фактот, што во изминатиот период се снимаа два документарни филма за Глигоров, сега се највува уште еден во делот на 2 август, неговото учество во АСНОМ, вели Панајотов.

Киро Глигоров е роден 1917 во Штип, а почина 1 јануари 2012 година во Скопје. Глигоров беше Претседател на Република Македонија од 27 јануари 1991 година  до 19 ноември 1999 година. вдј/вг/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан