• недела, 22 декември 2024

Сто и седумдесет вреќи отпад собрани на „Генералка викендот“ во Охрид

Сто и седумдесет вреќи отпад собрани на „Генералка викендот“ во Охрид
Охрид, 11 мај 2022 (МИА) - Вкупно 160 вреќи ПЕТ отпад и 10 вреќи хартија биле собрани во рамки на еколошката акција „Генералка викенд“, соопшти денеска Општина Охрид. Акцијата се реализираше викендов, на 7 мај, на потегот од плажата „Горица“ до месноста „Свети Стефан“, од „Билјанини извори“ до хотел „Парк“ и дворовите на училиштата. Во неа учествуваа Општина Охрид и јавното претпријатие „Охридски комуналец“ со поддршка на здружението „Брег на младоста“, компанијата „Костал“ и учениците од сите општински училишта. „Генералка викенд“ се реализира во повеќе општини низ државата во организација на „Мен енд маунтен“ со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Министерството за животна средина и простпроно планирање. Целта е подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата, а за секои 10 килограми собран отпад да се засади по едно дрво. сс/сст/

Остани поврзан