• недела, 28 јули 2024

„Сто години самотија“ од Габриел Гарсија Маркес излезе од печат во издание на „Арс Ламина“

„Сто години самотија“ од Габриел Гарсија Маркес излезе од печат во издание на „Арс Ламина“
Скопје, 8 јуни 2022 (МИА) - Светскиот книжевен класик „Сто години самотија“ од колумбискиот писател и нобеловец Габриел Гарсија Маркес деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот „Сто години самотија“, кој е дел од едицијата „Современи класици“, се смета за магнум опус на Маркес, а важи и за едно од највлијателните дела во латиноамериканскиот книжевен канон и во светската книжевност. Од неговото прво објавување во 1967 година во Аргентина, преведен е на 46 светски јазици, а продадени се повеќе од 50 милиони примероци ширум светот. Оваа епска бајка ја опфаќа стогодишната турбулентна историја на Јужна Америка, од постколонијалните дваесетти години на 19 век до дваесеттите години на 20 век, раскажана преку семејната хроника за седумте генерации од семејството Буендија од селцето Макондо. -Габриел Гарсија Маркес е парадигма во литературниот стил магичен реализам, а „Сто години самотија“ е највпечатлив пример за преплетувањето на фантастичното и реалистичното во светската книжевност. Токму тоа го прави овој роман најрепрезентативно книжевно дело во рамките на движењето „латиноамерикански бум“ во шеесеттите и седумдесеттите години на 20 век, соопштија од издавачката куќа. Преводот на македонски јазик е на Ванѓа Чашуле, првпат објавен во 1986 година во книгоиздателството „Мисла“. Други наслови од Габриел Маркес објавени во едицијата „Современи класици“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“,  се: „Љубов во време на колера“, „На полковникот нема кој да му пишува“, „Хроника на една најавена смрт“, „Есента на патријархот“, „Виор од лисје“ и „Генералот во својот лавиринт“. Книгата е достапна во сите книжарници „Литература.мк“, со можност за нарачка онлајн преку http://www.literatura.mk. бт/ац/

Остани поврзан