• сабота, 23 ноември 2024

Стојковски: На Пеленица има околу 40.000 тони контаминирана почва како резултат на одредени количини линдан

Стојковски: На Пеленица има околу 40.000 тони контаминирана почва како резултат на одредени количини линдан

Скопје, 30 август 2023 (МИА) - Истражувања покажуваат дека на месноста Пеленица, Драчево, фрлени се одредени количини на опасен отпад од линдан и како резултат на тоа на локацијата има околу 40.000 тони контаминирана почва, рече директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски на денешната прес-конференција.

Во 2018 година е донесена забрана за пристап на деца, а пред две години по јавна набавка на Mинистерството за животна средина локацијата е оградена.

За чистење на депонијата кај Пеленица, Стојковски вели дека потребни се 60 милиони евра, а исто толку и за големата депонија кај ОХИС.

- Ако за малата депонија во ОХИС треба околу 14 милиони евра, тогаш рачунајте дека на големата депонија кај ОХИС има 10 пати повеќе отпад, значи сигурно ќе треба некаде околу 60 милиони евра за големата депонија, а исто толку и за Пеленица, истакна тој.

Стојковски додава дека министерствата се одговорни за тоа дали ќе имаме регионални центри за управување со отпад, бидејќи, како што рече, финансиски грантови од ЕУ има, но за 30 години земјава нема изградено ниту една санитарна депонија. 

- Политиката во однос на тоа зошто не се гради е во надлежност на министерствата и тие се одговорни во однос на тоа дали ќе имаме или нема да имаме регионални центри за управување со отпад, заклучи Стојковски.ра/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан