• сабота, 14 февруари 2026

Стојаноски: Историски успех за македонската Влада и дипломатија, заедничка изјава и рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија со САД 

Стојаноски: Историски успех за македонската Влада и дипломатија, заедничка изјава и рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија со САД 

Скопје, 13 февруари 2026

Трудот, напорната работа и чесниот пристап вродуваат со плод. Македонија на чекор до потпишување историски трговски договор со стратешкиот партнер и најмоќната економија во светот, Соединетите Американски Држави. По затворањето на постмониторинг-дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави заедничка изјава помеѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, истакна на денешната прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално.

Оваа изјава претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД и со ова се прави значаен исчекор во економската соработка, но и го трасира патот за сеопфатен договор за тарифи не повисоки од 15 %, а за одредени производи и 0 %.

Суштината на овој дипломатски успех на македонската Влада е што ќе се идентификуваат производи кшто ќе добијат до 0 % реципрочна тарифа, што значи за дел од клучните индустрии и производи цариснките тарифи ќе се намалат до нула.

Оваа заедничка изјава на македонските компании им обезбедува конкурентска предност, јасна регулаторна рамка, поголема предвидливост и посилна позиција на еден од најголемите пазари на светот.

Втората клучна придобивка е што со овој поволен економски договор во овие непредвидливи глобални времиња се зачувани илјадници работни места, а истовремено се праќа регионален и меѓународен сигнал за политичката и економската стабилност на нашите односи со официјален Вашингтон.

Договорот ќе ги зајакне нашите трговски односи, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси, ќе го промовира економскиот раст и ќе го продлабочи нашето трансатлантско партнерство.

Ваквата билатерална соработка со најсилната светска економија е многу вредна препорака за привлекување нови инвестиции во Македонија.

Со овој документ неоснованите тези и критики на СДС дека македонската Влада е изолирана, дека нема никаков план, процена, насока - паѓаат во вода.

Целта на Владата е јасна - повеќе извоз, повеќе инвестиции и повеќе добро платени работни места дома.

Ви благодарам. 

Линк од видеоматеријал:

https://www.youtube.com/watch?v=PcWy84J63E4 

https://www.swisstransfer.com/d/375440e8-11d8-4074-a43d-497fdba9d213 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан