• вторник, 24 декември 2024

Стојаноски: Власта до крај на годината ќе се задолжи за нови 500 милиони евра

Стојаноски: Власта до крај на годината ќе се задолжи за нови 500 милиони евра

Скопје, 10 ноември 2023

Во текот на вчерашниот ден до пратениците беа доставени два закони со европско знаменце со кои Македонија ќе се задолжи за нови 190 милиони евра. Со овие средства нема да де изгради ништо ново, туку ќе се покриваат дупките во буџетот кои настанаа со  недомаќинско работење. И во самиот материјал кој е доставен до пратениците пишува дека овие заеми се за буџетска поддршка.

Покрај овие две задолжувања, во текот на наредните неколку денови, до крајот на оваа година, Македонија ќе се задолжи за околу 500 милиони евра - нов долг, со што на крајот од 2023 година ќе имаме рекордно висок јавен долг од 8,5 милијарди евра.

Кратко траеше славјето од Министерство за финансии за намалениот јавен долг.

Почитувани,

Она што сакам дополнително да го предочам е скандалозното однесување на Талат Џафери и владата. Имено, само еден ден по објавување на историски најлошиот извештај на Европската комисија за Македонија во кој јасно и недвосмислено е нотирано да се прекине со злоупотреба на европското знаме, за првпат во историјата на Собранието, закони за задолжување ќе се гледаат во Комисијата за европски прашања, наместо на Комисијата за финансирање и буџет.

Ковачевски, Груби и владата го отфрлаат напишаното од Европската комисија и брзаат да се задолжат за да имаат средства за спроведување на матните тендери. 

Ова е невидено поведение и ова е директен доказ дека единствено европско кај власта е желбата за евра.

Очигледно во Македонија ја имаме најнеспособната, најнедомаќинската и најкриминалната влада во Европа.

 

Бојан Стојаноски, пратеник

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан