• сабота, 23 ноември 2024

Стојаноска: Правдата за Мијалков донесена под притисок на јавноста, времето ќе покаже какви се договори има Заев- Мијалков

Стојаноска: Правдата за Мијалков донесена под притисок на јавноста, времето ќе покаже какви се договори има Заев- Мијалков
Скопје, 26 февруари 2021  Го поздравуваме секој чин кој значи спроведување на правда, вклучително и оваа пресуда. Лошо е што поради криминалите на Мијалков во затвор заглавуваат и луѓе кои се колатерална штета. Ова е пресуда донесена под жесток притисок на јавноста, опозицијата и меѓународниот фактор. Тоа е и причината поради која навидум пропадна првата фаза од договорот Заев - Мијалков со кој удрија шамар на правдата, иако постојат индиции дека можно е апелациониот суд да одлучи и поинаку каде Заев е познато дека има силно влијание. Таа жалбена постапка ќе трае околу една ипол година. Затоа оваа одлука околу која власта крева еуфорија е со цел да ги прикрие задколисните договори, чесно е да се каже дека таа не е правосилна се уште. Воедно на осудениот Мијалков му беа овозможени услови какви што немаше ниту еден друг бегалец од правдата. Потсетуваме дека потребно е дополнително сериозно да се разгледаат прекршувањата на постапката. Како лице со меѓународна потерница денес осуден криминалец му беше доделен куќен притвор. Какви договори и повластувања има зад сето ова. А, за кои најдобро може да сведочи Заев. Правда мора да има. Договорите Заев - Мијалков не смеат да ја погребаат правдата. Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки    

Остани поврзан