• сабота, 23 ноември 2024

Стојаноска: Граѓаните веруваат во програмата од ВМРО-ДПМНЕ, време е да го вратиме достоинството и државата во рацете на народот

Стојаноска: Граѓаните веруваат во програмата од ВМРО-ДПМНЕ, време е да го вратиме достоинството и државата во рацете на народот

Скопје, 21 април 2024

Интегрален текст од изјава за медиуми

Говорник: Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6

Почитувани,

На сите досега реализирани средби со граѓаните во Изборна единица 6 наидов на одличен прием, бидејќи веруваат во она кое што ВМРО-ДПМНЕ го ветува и го има во нашата програма.

Додека на ветувањата кои се лажни како и обвинувањата на спротивниот табор ниту веруваат, ниту сакаат да ги слушаат.

Време е македонскиот народ да се обедини и на 24 април да го заокружи бројот 2 затоа што со горда Македонија, сите граѓани на Република Македонија ќе станат горди. Време е да им го вратиме достоинството и да ја вратиме држава во нивни раце.

Македонија повторно ќе биде своја, Македонија повторно ќе биде горда.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото и видео: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан