• петок, 20 декември 2024

Стојаноска: Бидете учесници во историската победа над криминалот и корупцијата

Стојаноска: Бидете учесници во историската победа над криминалот и корупцијата

Гостивар, 2 мај 2024 (МИА) – Мора да се обелоденат сите криминали и скандали и да бидеме гласни, а криминалот е тој што треба да биде замолчен, порача носителката на листата за 6 Изборна единица предводена од ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од народниот собир во Гостивар и од гостиварци побара, како што рече да се обединат и да го зададат последниот удар.

- Не смее да дозволиме малцинство од криминалци да владее со мнозинството. Мафијата стана синоним за ДУИ и за СДСМ. Мафијата царува, додека народот пати. Време е за победа над мафијата. Не им се плашете, казнете ги, порача Стојаноска во нејзиното обраќање.

Таа напомена дека обединувањето околу ВМРО ДПМНЕ е важно и да се гласа за бројот два за да нема, како што потенцира, изгубени гласови во 6-та изборна единица кои, како што рече, помагаат исклучиво за пратеник повеќе од ДУИ.

Стојаноска од гостиварци ја побара поддршката за Гордана Силјановска

- Гласајте за професорката Силјановска Давкова и за листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Бидете учесници во историската победа над криминалот и корупцијата, и да си ја вратиме Македонија во рацете на луѓето.

Кандидатот за пратеник од редовите на Демократското движење на турците во Македонија, Ердоган Сарач, кој се обрати на мајчиниот турски јазик, и посочи дека коалицијата „За твоја Македонија“ и ВМРО ДПМНЕ не се албанофоби како што ги претставуваат од ДУИ. Тој ја побара поддршката од гласачите од турската заедница и како што рече сите Турци да гласаат за бројот 2.

Мицкоски во обраќањето напомена дека ДУИ ги злоупотребува Албанците, врз митот за права и при тоа, како што рече, направија милиони, но ќе одат во опозиција и ќе одговараат за криминалот.

- ДУИ која врз митот права за Албанците, и Артан, и Али направија милиони евра за себе, додека албанскиот народ гладува и се сели од Македонија. Најголемата злоупотреба овие дваесет години е состојбата со правата на Албанците кои овие криминалци од ДУИ се обидуваат кога се фатени во криминал да ја наметнат како тема. Секогаш кога тие зборуваат за ова, на своето конто си редат по уште еден милион народни пари, нагласи Мицкоски.

Според Мицкоски, иако работата не е завршена, мора да се излезе на гласање во вториот круг за да се победат сите сценарија на СДСМ и ДУИ заедно и дека таквите сценарија се победуваат само со голема излезност.

Мицковски наброја и неколку делови од програмата во која, како што рече, се предвидени дополнителни средства за општините и реализирани на локални проекти и за жените мајки кои ќе добиваат дополнителни надоместоци. згм/ир

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан