• сабота, 23 ноември 2024

Стојанов-Лајтенс: Планирано е од 20 март тројно да се зголеми бројот на вработени во Фронтекс на бугарските граници

Стојанов-Лајтенс: Планирано е од 20 март тројно да се зголеми бројот на вработени во Фронтекс на бугарските граници

Софија, 29 февруари 2024 - Договорено е трикратно зголемување на бројот на вработени во Фронтекс на бугарско-турската и бугарско-српската граница, објавија директорот на Фронтекс Ханс Лајтенс и министерот за внатрешни работи Калин Стојанов на брифинг на граничниот премин Капетан Андреево, по извршениот увид денеска на работата на службите на контролниот пункт со Турција и чувањето на „зелената граница“.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

„Бугарија е наш многу важен партнер и од 20 март годинава ќе има меѓу 500 и 600 дополнителни вработени во агенцијата“, прецизира Лајтенс. Тој додаде дека секоја потреба од поддршка за чување на границата како опрема - на пример возила ќе биде исполнета.

„Како директор на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс), можам да гарантирам целосна поддршка за Бугарија во процесот на пристапување во Шенген зоната и во заштитата на границите“, изјави Лајтенс.

„Добивме исклучително висока оценка за нашата борба против илегалната миграција, г-дин Лајтенс ја изрази и целосната поддршка за нашето прифаќање во Шенген и на копнените граници до крајот на годината“, рече министерот Стојанов. Тој увери дека има намалување на обидите за илегално преминување на границата за околу 70 отсто во однос на истиот период лани, што беше и една од темите на разговорот со Лајтенс.

На новинарско прашање за сигнали против прекумерна употреба на сила во случаи на мигранти на границите,Стојанов одговори дека во споредба со 2021 и 2022 година лани биле исклучително ретки. „Утврдени се пет вакви случаи“, прецизира Стојанов и посочи дека за сите се преземени дисциплински и казнени мерки и дека се казнети административни службеници.

Почитувањето на основните права е многу важно прашање. Ги штитиме не само границите, туку и европските вредности. Меѓу новите дополнувања ќе има и специјалисти за почитување на човековите права. Во случај на информации, ќе се обратиме до бугарските власти за истрага, рече Лајтенс, нагласувајќи уште еднаш дека Бугарија има многу важна улога во заштитата на надворешните граници на ЕУ. 

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

 

 

 

 

Остани поврзан