• сабота, 16 ноември 2024

Стотици пожарникари се борат со пожар на планината Килиманџаро во Танзанија

Стотици пожарникари се борат со пожар на планината Килиманџаро во Танзанија
Дар ес Салам, 22 октомври 2022 (МИА) – Стотици пожарникари денеска го гасат пожарот на планината Килиманџаро, соопштија локалните власти во Танзанија. Никој не е повреден во пожарот што избувна во петокот, изјави регионалниот комесар Нурдин Бабу за ДПА, додавајќи дека причината допрва треба да се утврди. Густите облаци чад како и ветровите им ја отежнуваа работата на 320-те пожарникари, а пожарот гори на надморска височина од околу 3.900 метри. Управата за национални паркови на оваа источноафриканска земја соопшти дека лесно запаливи растенија растат на погодениот дел од планината, во климатска зона слична на ридовите. Ова не е прв пожар на Килиманџаро. Пред околу две години, жителите и вработените во управата за паркови по неколку дена успеаја да изгаснат пожар. На околу 6.000 метри, Килиманџаро е највисоката планина на континентот и популарна туристичка дестинација во Танзанија. Секоја година ја посетуваат околу 50.000 луѓе. јт/

Остани поврзан