• вторник, 24 декември 2024

Стотици илјади протестираа во Судан против воениот удар

Стотици илјади протестираа во Судан против воениот удар
Картум, 31 октомври 2021 (МИА) - Стотици илјади Суданци излегоа синоќа на улиците на Картум и другите поголеми градови за да побараат обновување на цивилното владеење и враќање на Судан на патот на демократијата по воениот удар. Како што пренесуваат странските агенции, луѓето вееја национални знамиња и скандираа „Военото владеење нема да биде пофалено“ и „Ова е наша земја и нашата влада е цивилна“. Во центарот на главниот град беа распоредени вооружени војници. Безбедносните сили во Картум употребија солзавец и огнено оружје за да ги растераат демонстрантите. Централниот комитет на суданските лекари соопшти дека војниците застрелале двајца демонстранти во Омдурман. Лекарската организација подоцна објави дека уште еден демонстрант бил убиен, а 38 лица се повредени. Полицијата негираше дека пукала во демонстрантите и на државната телевизија беше објавено дека еден полицаец се здобил со прострелни рани. Најмалку 14 демонстранти беа убиени оваа недела во судири со безбедносните сили. паг/

Остани поврзан