Стотина трактори чекаат да бидат легализирани, половина од нив во Тиквешко
- Околу стотина трактори и земјоделска механизација чекаат да бидат легализирани, педесетина од нив се во Тиквешко, потврди за МИА, Трајче Кулев, претседател на регионалното здружение „Напредни лозари“ со седиште во Кавадарци.

Кавадарци, 28 февруари 2023 (МИА) - Околу стотина трактори и земјоделска механизација чекаат да бидат легализирани, педесетина од нив се во Тиквешко, потврди за МИА, Трајче Кулев, претседател на регионалното здружение „Напредни лозари“ со седиште во Кавадарци.

- Станува збор за трактори, тракторски приколки и друг вид земјоделска механизација, купувани низ годините, а никогаш досега не биле регистрирани и не поседуваат сообраќајни дозволи. Деновиве собираме потписи од земјоделците коишто имаат ваков проблем. Откако ќе ги собереме потписите и ќе имаме точна бројка на земјоделска механизација што треба да биде легализирана, за да може слободно да се движи до земјоделските имоти и назад, ќе притискаме кај надлежните, проблемот да биде надминат. Според нашите информации, расположение за вакво нешто има и надлежните државни структури веќе работат на надминување на проблемот, појасни Кулев.

Тој потсети дека во изминатиот период, имало можност за легализација. Но, сепак, од најразлични причини, дел од тракторите и другите приклучни земјоделски машини, останале без соодветни документи и нелегализирани. свд/ар/
Фото : од Кулев со дозвола за МИА