• вторник, 24 декември 2024

Столтенберг смета дека привремено отстапување територии на Русија се можност за мир во Украина

Столтенберг смета дека привремено отстапување територии на Русија се можност за мир во Украина

Берлин, 2 декември 2024 (МИА) – Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изрази уверување дека привременото отстапување територии на Русија ќе биде опција за брз крај на украинската војна.

- Потребна ни е линија за прекин на огнот и, се разбира, идеално таа треба да ги покрива сите територии кои Русија во моментов ги контролира, но гледаме дека тоа не е многу реално во блиска иднина. Украина би можела привремено да отстапи дел од своите територии за ова цел, рече тој, пренесува германската телевизија Тагесшау.

Столтенберг изјави и дека е важно владата во Киев да добие безбедносни гаранции во замена за привремени отстапки на територија. Според него, тоа би можело да биде членство во Алијансата, но има и други начини за вооружување и поддршка на Украинците. јт/

Остани поврзан