• сабота, 31 август 2024

Столтенберг: НАТО сојузниците поддржуваат хуманитарна пауза во Газа

Столтенберг: НАТО сојузниците поддржуваат хуманитарна пауза во Газа

Берлин, 9 ноември 2023 (МИА) - НАТО сојузниците поддржуваат хуманитарни паузи во војната меѓу Израел и Хамас за да се овозможи помошта да стигне до Газа, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Мора да се почитува меѓународното право и цивилите мора да бидат заштитени во конфликтот, изјави тој пред новинарите во Берлин, обраќајќи им се на медиумите пред средбата со германскиот канцелар Олаф Солц.

„Војната во Газа не смее да се претвори во голем регионален конфликт. Иран и Хезболах мора да останат надвор од оваа борба“, додаде тој. ссм/

фото: ДПА

Остани поврзан