Столтенберг: НАТО размислува за дополнително засилување на источното крило
- НАТО нема да распореди борбени сили во Украина. Но, не може да има недоразбирање за нашата подготвеност, нашата посветеност да ги браниме нашите сојузници, особено на источното крило на Алија
Брисел, 26 јануари 2022 (МИА) - НАТО размислува за дополнително воено засилување на своето источно крило, изјави за Си-Ен-Ен генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
-НАТО нема да распореди борбени сили во Украина. Но, не може да има недоразбирање за нашата подготвеност, нашата посветеност да ги браниме нашите сојузници, особено на источното крило на Алијансата, рече Столтенберг.
Поради оваа причина, објасни генералниот секретар, НАТО го зголеми своето воено присуство на источното крило и исто така „ја разгледува можноста за дополнително зајакнување на ова свое присуство“.
Столтенберг кажа дека НАТО не гледа деескалација на состојбата од страна на Русија и дека таа продолжува да го зголемува своето воено присуство долж границата со Украина.
-Акумулацијата на силите продолжува. Не гледаме деескалација од страна на Русија. Напротив, ја гледаме спротивната ситуација, сега има уште повеќе сили на границата, рече Столтенберг за Си-Ен-Ен. сд/