Столтенберг: Злосторствата во Буча се бруталност каква не сме виделе во Европа со децении
- Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги опиша злосторствата во Буча како „ужасни“, истакнувајќи дека „тоа е бруталност кон цивилите каква што не сме виделе во Европа со децении“.

Брисел, 3 април 2022 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги опиша злосторствата во Буча како „ужасни“, истакнувајќи дека „тоа е бруталност кон цивилите каква што не сме виделе во Европа со децении“.
„Ужасно е и апсолутно неприфатливо да се пука во цивили и да се убиваат. И тоа само ја нагласува важноста дека оваа војна мора да заврши“, изјави Столтенберг за Си-Ен-Ен.
Во однос на повлекувањето на руските сили од Киев, тој рече дека „тоа е повеќе промена на стратегијата“.
„Не смееме да бидеме премногу оптимисти, бидејќи постои оправдан страв од можно зголемување на нападите, особено на југот и на истокот на Украина. Тоа навистина не е повлекување, тоа е повеќе промена на стратегијата“, рече Столтенберг. паг/